Како родител на едно дете секојдневно се соочувам со бројни ситуации, од носење, заспивање, хранење, патување и сл, каде низ нив секогаш сакам да имам производи кои ќе ми овозможат вистинска поддршка и олеснување.
Така Oxymammy е креиран да донесе производи на кои родителите секогаш ќе можат да се потпрат, да ги користат воедно и да ги подржи во нивното родителство и активен живот.
Тоа се производи што ги избирам врз основа на вредностите што ги застапуваат луѓето кои ги концепираат, дизајнираат и произведуваат овие производи.
Мојот прв приоритет е безбедноста, потоа поврзување со детето и посветеност на градење на долгорочен однос на доверба.
Овие вредности се вткаени во самите карактеристики на производите што ги избирам. Највисокиот степен на безбедност за децата е важен, без разлика дали се работи за возење во количка, носење во носилка или опрема што родителите ќе ја користат дома. Потоа, тука е совршената функционалност на производот, која гарантира дека производите што ги претставувам подеднакво даваат чувство на сигурност и уживање како кај децата така и кај родителите.
За крај, Ви благодарам за секој ваш направен избор, посета, споделени искуства кој на некој начин сето тоа дава поддршка и реализација на поголеми идеи и проекти за Oxymammy.
Со љубов,
Мама Невена