Оксимами ДОО Ви овозможува користење на услугите и содржините на својата веб страна во согласност со овие услови за користење („Услови“).
Условите применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.oxymammy.mk, со користење на веб страната, корисниците потврдуваат и прифаќаат дека се запознати со овие услови.
Почитувани корисници,
Ве молиме пред користењето на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните Услови. Секоја посета на нашата веб страна, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале и дека во целост сте согласни со истите, а доколку истите се неприфатливи, ве молиме да не ја користите оваа веб страна.
- Општи одредби
Oxymammy.mk ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Секое неовластено користење на било кој дел од веб страната, без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на истите и подлежи на соодветна постапка пред надлежен суд.
OКСИМАМИ ДОО ја администрира оваа веб страна од својата регистрирана адреса во Скопје, Република Северна Македонија, и не гарантира дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Северна Македонија. Пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Северна Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони.
OКСИМАМИ ДОО може да ги ревидира овие услови во било кое време, последователно ве молиме повремено, посетувајте ја оваа веб страна за да ги прегледате актуелните услови затоа што за вас како корисник, тие се обврзувачки, истите може да бидат заменети со правни известувања.
- Коментари и содржини кои ги проследува корисникот
Забрането е праќање или пренесување до и од оваа веб страна, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон.
Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате нема да се сметаат за доверливи, но ОКСИМАМИ ДОО нема никакви обврски кон или во врска со овие соопштенија. Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на друг начин да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите материјали содржани во нив, за било какви комерцијални и некомерцијални цели, освен вашите лични податоци.
- Врски (линкови) кон други веб страни
Линковите на оваа локација кон веб страни на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да ви го олеснат купувањето и со нивно пребарување вие ќе ја напуштите оваа веб страна. Ве молиме имајте во предвид дека ОКСИМАМИ ДОО ги нема прегледано веб страните на самостојните произведувачи и оттука не е одговорен за било која од нив или нивната содржина. Со самото тоа, не поддржуваме и не даваме никакви изјави за нив, ниту за било кои информации, други производи или материјали кои таму се наоѓаат, доколку одлучите да пристапите на некоја од веб страните на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа, тоа го правите на сопствен ризик.
- Кориснички блог
ОКСИМАМИ ДОО, има право, но нема обврска да го надгледува или прегледува било кој дел од локацијата на кој корисниците пренесуваат или праќаат соопштенија или комуницираат единствено меѓусебно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на корисничкиот форум, како и содржината на било кое соопштение од овој тип. Оттука ОКСИМАМИ ДОО не се смета за одговорно за содржината на било кое од наведените соопштенија.
ОКСИМАМИ ДОО го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој смета дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив. Сите информации во врска со купувач – ОКСИМАМИ ДОО, се смета за деловна тајна и треба да се третира како таква согласно позитивните прописи.
- Купување со доверба
-
Креирање на налог
За да ви биде овозможено купување на нашата веб страна, мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само вашите лични податоци.
Со цел да го започнете процесот на регистрација потребно е во горниот десен агол од мониторот на нашата веб страна да кликнете на полето „РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ“, каде што ви се отвораат полиња за внесување на потребните податоци. Откако ќе ги внесете сите барани податоци кликнете на полето „РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ“ и на вашиот е – маил ќе ви биде пратен линк кој е потребно да го потврдите за вашата регистрација да биде завршена и да може да продолжите со купувањето.
-
Избор на производи
На почеток на секоја под страна на веб страната, се наоѓа паѓачко мени со категории на производи. Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со набројани производи. Од левата страна се наоѓаат филтри на производите според: пол, тип, вид, намена, произведувач, цена. Со избор на полето CHECKBOX покрај одреден филтер, го вклучувате или исклучувате соодветниот филтер. Доколку сте ги пронашле производите кои ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата или името на производот. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страна. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, името на брендот, намената и сл., при преглед на производите кои се достапни за купување, ќе забележите под производот поле „БРЗ ПРЕГЛЕД”. Кога ќе го притиснете тоа поле ќе можете да го видите производот од повеќе агли, да ја одберете посакуваната боја и големина. Со притискање на полето „КУПЕТЕ” ќе бидете известени дека производот се наоѓа во вашата корпа. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во корпа.
-
Содржина на корпата
Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за корпата, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете или да додадете производи од кошничката.
-
Нарачување на производи од корпата
Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страната каде што се наоѓа корпата да кликнете на копчето „ПРИФАЌАМ” за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил. Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секоја нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е во следните три чекори да одберете адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се вратите на страната на кошничката со клик на полето „ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ”. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за корпа.
-
Достава
Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава. Рокот на испорака е максимум 5 работни дена. Нарачките направени во петок или за време на викенд ќе бидат процесирани во првиот следен работен ден. Курирот пратката ја доставува на адресата за испорака во период од 8:00 до 16:00 часот, за таа цел ве молиме во тој период да обезбедите лице на соодветната адреса за прием на пратката. Доколку курирот не ве пронајде на адресата, вообичаена пракса е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го оставиле при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин за достава. Доколку и во вториот обид за достава не ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.
-
Рекламации
Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 075393682 или да ни испратите е – маил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата: info@оxymammy.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператоти ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Замената на производот може да ја направите во договор со нашите оператори. Производот кој се менува ни го испраќате преку брза пошта, на свој трошок. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена. Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, ве молиме постапете на начин дефиниран со правилникот за рекламации на потрошувачи за роба купена преку интернет продавница, кој заедно со пополнет рекламационен лист треба да го пратите на адресата info@оxymammy.mk
- Заштита на приватност на податоците
За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е – маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на ОКСИМАМИ ДОО се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи.
Ги собираме само неопходните податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават од листата за маркетинг пораки. Сите податоци за купувачите (корисниците) се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности кои се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
При внесување на податоците за платежната картичка, доверливите информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со користење на SSL протоколот и PKI системот, како што во моментов е најнапредната криптографска технологија. Безбедност на податоците при електронско купување, ја гарантирајќи уплатата CARD и Комерцијална Банка АД Скопје, така што целиот процес на исплата се врши на местото на банката. Во ниту еден момент податоци од кредитната картичка не се достапни на нашиот систем.
- Враќање на производи
Во случај на враќање на производи или поврат на средства на купувач без оглед на причината за враќање, ОКСИМАМИ ДОО има обврска враќањето на средства да го изврши преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката или на трансакциска сметка доставена од купувачот.
Сите трошоци поврзани за поврат на производ се на терет на купувачот, односно се задржува износот за поштарината за првото праќање, износот за повторното враќање како и износот кој деловната банка го наплаќа на ОКСИМАМИ ДОО согласно важечкиот ценовник. Доколку вредноста на вратениот производ е поголема од овие трошоци, разликата оди на терет на купувачот.
За враќање на производ потребно е истиот да биде доставен до
ОКСИМАМИ ДОО, на Бул. Јане Сандаснки бр. 12 – 1/2, 1000 Скопје.
Средствата ќе бидат вратени, по прием на производот исклучиво доколку е вратен во оригиналното пакување, неупотребуван и неоштетен.