Достава низ цела Македонија

Почитувани,
Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа Политика за приватност („Политика“), пред започнување со купување. Во процесот на купување на интернет страната https://oxymammy.mk, согласни сте со оваа Политика и потврдувате дека сте ја прочитале и разбрале условите под кои ги обработуваме вашите лични податоци и дека ја прифаќате истата.

  1. Општи податоци и податоци за контролорот
    Друштво за трговија и услуги ОКСИМАМИ ДОО Скопје, со регистрирано седиште на ул. Бул. АСНОМ бр. 130/1 – 4, 1000 Скопје, со ЕМБС 7528698 („Оксимами“, „Друштвото“ или „Ние“), ја почитува и штити приватноста на лицата чии што лични податоци ги собира и обработува („Лични податоци“). Собирањето, обработката и чувањето на личните податоци ние го вршиме во согласност со законот за заштита на лични податоци (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 42/2020 со сите последователни измени и дополнувања), („Закон“). Со цел заштита на приватноста на лицето чии лични податоци ги собираме, ја усвоивме и објавивме оваа Политика која дефинира кои лични податоци ги собираме, на кој начин, за каква цел ги обработуваме личните податоци, како ги заштитуваме, колку долго ги чуваме и кои се вашите права во однос на лучните податоци. Оваа Политика ги опишува нашите практики во врска со собирањето на лични податоци без оглед дали ги собираме директно од вас за време на вашата посета на нашата веб страна, преку писмена или усна комуникација со нас. За било какви прашања во врска со вашите лични податоци, слободно можете да не контактирате на електронска адреса info@оxymammy.mk.
  2. Дефиниции и лични податоци кои ги обработуваме

    Личен податоке секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице;

    Обработка на личните податоцие секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;

    Контролоре физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување;

    Обработувач на збирка на лични податоцие физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот;

    Кориснике физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка;

    Согласностна субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци;

    Нарушување на безбедност на личните податоцие секое нарушување на безбедноста, што доведува до случајно или незаконско уништување, губење, менување, неовластено откривање или пристап до личните податоци кои се пренесуваат, чуваат или на друг начин се обработуваат;

    Посебни категории на лични податоцисе лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице; Ние не собираме лични податоци од посебни категории, освен ако истите не се доброволно достапни или ако тоа од нас се бара со важечките прописи.

  3. Начела поврзани со обработката на лични податоци
    Во процесот на собирање, обработување и чување, ние постапуваме како што следи:
    • Ги обработуваме во согласност со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци („законитост, правичност и транспарентност“);
    • Ги собираме за конкретни, јасни и легитимни цели и нема да ги обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели. Натамошната обработка за цели на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели, во согласност со членот 86 став (1) од овој закон, нема да се смета дека не е во согласност со првичните цели за кои се собрани личните податоци („ограничување на целите“),
    • Се соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат („минимален обем на податоци“),
    • Се точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе се преземат сите соодветни мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени („точност“),
    • Се чувани во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност со членот 86 став (1) од овој закон, а со применување на соодветни технички и организациски мерки согласно со овој закон, заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци („ограничување на рокот на чување“),
    • Се обработени на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“).
  4. Лични податоци кои се собираат и обработуваат

    За целите на обработка на вашите нарачки, ние ги собираме, обработуваме и чуваме вашите лични податоци, како што следува:

    • Име и презиме;
    • Адреса на живеење односно адреса за испорака на производот;
    • E mail адреса;
    • Телефонски број;
    • Број на трансакциска сметка, само во случај на враќање на производ кога се врши поврат на средства.
  5. Начин на собирање на лични податоци

    Собирањето на лични податоци се врши директно од субјектот на лични податоци, при купување на некој од нашите производи за достава на производ, потврда за купен производ, праќање на известувања за статусот на нарачката; доколку се регистрирате на нашата веб страна или со пополнување на формуларот. Целта заради која ги собираме личните податоци е заради исполннување на договорот за купопродажба на посакуваниот производ. Личните податоци се чуваат во нашата база на податоци, банката и курирската служба, во согласност со нивните политики за приватност. Во определени случаи, за време на твојата посета на нашата платформа, ги собираме и обработуваме твоите лични податоци преку колачиња, за што може да дознаеш повеќе од нашата политика за колачиња.

  6. Цел на собирање и обработка на лични податоци
    Целта на собирање и обработка на лични податоци е:
    • Склучување и извршување на договорот за купопродажба на производи;
    • Извршување на платежни трансакции;
    • Исполнување на законска обврска;
    • Регистрирање на нашата веб страна;
    • Одговор на твоите прашања или барања;
    • Подобрување на функцијата на нашата веб страна и нашата услуга;
  7. Правен основ за обработка на лични податоци
    Во согласност со начелото на законитост, ние ги обработуваме твоите лични податоци, како што следи:
    • Твоја согласност. Твоите лични податоци ќе се чуваат и обработуваат, се додека постои твојата согласност, која можеш да ја повлечеш во секое време.
    • Извршување на договорна обврска;
    • Исполнување на законски обврски согласно применливите прописи;
  8. Обработувачи и трети лица

    Ние ги откриваме вашите лични податоци на одредени обработувачи достава преку курир, кои имаат пристап до вашите лични податоци за извршување на задачите за кои се ангажирани и не смеат да бидат користени за други цели.

  9. Период на чување на личните податоци
    Податоците кои ги собираме и обработуваме ќе бидат чувани во согласно со роковите утврдени со зкаон.
    • Транспарентност;
    • Право на пристап на субјектот на личните податоци;
    • Исправка и бришење;
    • Право на ограничување на обработката;
    • Обврска за известување при исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката;
    • Право на преносливост на податоците;
    • Право на приговор;
    • Право на ограничување на обработката.
  10. Постапка во случај на повреда на лични податоци

    Доколку повредата на личните податоци може да предизвика висок ризик за правата и слободите на лицето, ние имаме обврска без непотребно одлагање да го известиме субјектот на личните податоци за настанатата повреда, како и да ја известиме Агенцијата за заштита на личните податоци без непотребно одлагање а не подоцна од 72 часа од дознавањето за повредата.

  11. Пренос на лични податоци надвор од Република Северна Македонија

    Ние не вршиме пренос на лични податоци, надвор од Република Северна Македонија.